По Марко Ѓоргиевски уште еден млад и перспективен фудбалер пристигнува во Шкупи денеска.
Најавениот Константин Чешмеџиев дефинтиивно го засилува тимот од Чаир и следната сезона ќе го предводи дефанзивниот дел од Шкупи.
Чешмеџиев досега беше дел од тимот на Вележ Мостар но босанскиот тим му се заблагодари за услугите, и стоперот имаше слободни документи за да одлучи каде ќе замине.
Се реши за Шкупи, каде што со новиот тренер Гоце Седлоски ќе атакуваат на шампионската титула следната сезона.
Популарниот Чешма е дете на Работнички, а играше и за Академија Пандев, Шкендија. Имаше и плодна младинска репрезентативна кариера.