Шкендија, Силекс, Шкупи и Струга ТЛ утре ќе ги дознаат ривалите на стартот на квалификациите во ЛШ и КЛ

277

Во длабока сенка на настаните на ЕУРО 2020, утре во Нион ќе се одржи ждрепката за 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите и Конференциската лига. Во 12 часот нашиот шампион, Шкендија ќе дознае со кого ќе ги одмери силите на 6/7 и 13/14 јули. Да потсетиме дека тетовци се носители во оваа фаза и имаат добри шанси да им се падне ривал кој би можеле да го еминираат.

Во 13 часот, исто во Нион, ќе се одржи ждрепката за 1.квалификациско коло во Конференциската лига. Шкупи ќе биде носител и ќе има релативно полесен ривал, додека Силекс и Струга Трим Лум може да добијат квалитетен состав за противник во ова натпреварување кое стартува за првпат од оваа сезона. Мечевите од 1.коло се закажани за 8 и 15 јули.

Да се надеваме дека сите наши евро-претставници ќе имаат добра ждрепка и дека ќе го минат првото коло.

ПретходноКовид-19 на ЕУРО: Се затвораат локалите околу стадионот, се намалува бројот на фановите?
СледноЕХФ го објави дрим-тимот на Ф4, нема ниту еден играч на ПСЖ (ВИДЕО)