Англиската репрезентација мораше да менува на голманската позиција и тоа сред ЕУРО.
Поради повреда, Герет Саутгејт го врати Дин Хендерсон дома, а на негово место го повика голманот на Шефилд, Арон Рамсдејл.
Сепак, ова нема да смени многу во играта на Англичаните, со оглед дека прв избор на Саутгејт е Џордан Пикфорд, кој го чуваше голот против Хрватска.