Одбојкарската федерација на Македонија пред Европското првенство доби генерален спонзор. НЛБ Банка АД Скопје и ОФМ потпишаа соработка на една година. Ова е од големо значење за нашите одбојкари на патот кон испишувањето на успешни приказни.
НЛБ е континуирано посветена на поддршка и развој на спортот, како и афирмација на нашата земја преку спортски успеси, а со годишниот договор за соработка и спонзорство, Банката ќе го краси спортскиот дрес на одбојкарите за време на Европското првенство кое ќе се одржи од 1.09.2021 до 19.09.2021 година, но и на сите останати натпревари на кои ќе учествува сениорската машка репрезентација на Македонија во период од една година.