Кадино, членот на Втората лига – запад има нов шеф на стрчниот штаб. Тоа е Љупчо Димовски, тренер кој има работено во повеќе наши клубови.
Да потсетиме дека овој клуб, од скопската приградска населба минатата сезона ја заврши на шестата позиција на табелата во ВМФЛ – ЗАПАД. До пред некој ден тренер беше Никола Карчев, претходно тимот го водеа и Марјан Андрески и Никола Илиевски Џиџи, кој беше во улога на советник.
Но, тоа е минато, следната сезона на клупата ќе биде Љупчо Димовски.