Алиоски: Нема откажување, ќе се бориме до крај, секој меч за нас е како финале

243

Езџјан Алиоски денеска во обраќањето на медиумите ги искажа имрепсиите од мечот со Австрија, како и очекувањата од дуелот со Австрија.

„Многу сме горди што имавме можност да играме со Австрија. Резултатот не беше поволен, но даваме се од себе да се опоравиме брзо, и можам да порачам дека уште ништо не е завршено. Пред мечот со Украина да направиме една добра анализа, и многу работи ќе зависат како ќе се одигра на тој натпревар“, изјави Алиоски.

Левокрилниот фудбалер истакна дека е добро што Украина е фаворит, а дека ние треба да бидеме поконцентрирани, особено во одбраната.

„Украина е фаворит и добро е што е така. Тие постигнаа два гола со Холаднија и покажаа дека се добра селекција. Да ја играме нашата игра, не треба многу да поправиме, нијанси одлучуваа на дуелот со Австрија.  Да не се предаваме предвреме, да се бориме до крај“, рече Алиоски.

Македонија со едно големо искуство излегува од дуелот со Австрија, кое треба да помогне за следниот меч со Украина.

„Тоа беше прв натпревар, атмосферата беше одлична. Овој натпревар се играше пред очите на целата европска јавност. Ова е едно големо искуство. Имаме мотивација, и треба добро да се подготвиме за мечот со Украина. Тоа е меч кој мора да го добиеме и мораме да бидеме максимално фокусирани и да се подготвуваме како да играме финале. За нас секој натпревар е финале“, вели Алиоски.  

ПретходноАлиоски за Арнаутовиќ: Не знам што ми кажа, најважно е што на крајот си подадовме рака
СледноУЕФА и официјално покрена истрага против Арнаутовиќ!