Аргентина и Меси со реми против Чиле, Парагвај и Колумбија со стартни победи (ВИДЕО)

153

Стартуваше најновото издание на Копа Америка на која нормално како што е обичај во последнитр речиси две децении во центарот на вниманието е Аргентина предводена од Лионел Меси.

Главниот кандидат за освојување на титулата, во првото коло ремизираше со тимот на Чиле откако токму Меси во првото полувреме со прекрасен гол од слободен удар ги доведе „Гаучосите“ во водство.

Сепак, Чиле во вториот дел тотално се врати во игра, и не само што израмние преку Варгас, туку имаше и можност за втор гол, но Артуро Видал не реализираше пенал.

Во останатите два меча, репрезентацијата ма Колумбија со голот на Кардона во 42. минута поведе, а потоа и победи против Еквадор со 1:0, додека пак Парагвај и Боливија го одиграа убедливо најинтересниот меч на стартот на турнирот.

Боливија поведе со 0:1 уште пред полувреме, со голот на Саведра, а откако Куељар беше исклучен работите за оваа селекција отидоа во погрешен правец.

Во вториот дел комплетен пресврт со двата гола на Ромеро односно Каку и стартни три бода за Парагвај,

ПретходноАтланта и Клиперси израмнија на 2:2
СледноПолуфиналињата и финалето на Еуро 2020 ќе се играат пред 40.000 гледачи