Двата меча синоќа кои се одиграа во НБА лигата, а се во рамнките од четвртфиналната фаза во плеј офот донесоа израмнувачки резултати во серијата.
Тимот на Атланта со тесни 103:100 триумфираше над тимот на Филаделфија и на тој начин стигн до триумф кој на Хоукси им обезбеди 2:2 во тековната серија.
Како по обичеј Треј Јанг најдобар кај Атланта со 25 коша но и со неверојатни љ8 асистенции ги предводеше Хоукси, а веднаш до него и Богдановиќ со 22 коша.
Кај поразениот тим пак, Херис односно Кари со 20 односно 18 коша највисоко на листата на стрелците.
На спротивната страна од САД пак, тимот на Лос Анџелес Клиперс со 118:104 подобар од тимот на Јута, и идентично како и во случајот на Атланта, и Клиперси сега имааа вкупни 2:2 во серијата.
Со 37. поени несопирлив Мичел, а додаде и по пет асистенции односно скокови, но не можеше да стори на овој меч, додека пак победничиот Лос Анџелес убаво ги распредели пооените. Пол Џорс и Каваи Ленард со по 31 кош, а следуваше Морис со 24.