Атлетико и Удинезе се договориле – Де Паул оди на „Метрополитано“!

283

ФОТО: Twitter

Шпанскиот шампион Атлетико Мадрид се договорил со Удинезе за трансфер на Родриго Де Паул на „Ванда Метрополитано“, пренесува „Спортиталија“, а истото го потврдуваат и други италијански медиуми. Наводно „јорганџиите“ постигнале договор со клубот од Удине за сума од 35 милиони евра плус бонуси.

Аргентинскиот репрезентативец моментално е на Копа Америка, а неколку пати во финишот на сезоната споменуваше трансфер. За него имаше голем интерес: Јувентус, Интер, Милан, Наполи, Лацио, Рома и Лидс Јунајтед. Но Атлетико е победник, а Диего Симеоне одиграл важна улога во трансферот.

Де Паул ќе потпише петгодишен договор вреден 3,5 милиони евра по сезона.

ПретходноЈувентус плати 10 милиони евра за да го задржи Мората до 2022 година
СледноЗа малку трагедија на ЕП – Падобранец ќе се „забиеше“ на трибините (видео)