Веселин Вујовиќ носи Црногорец во стручниот штаб?

2314

Веселин Вујовиќ по третпат во својата кариера ќе седне на клупата на Вардар. Тој доаѓа на местото на Стевче Алушовски. Со доста изменет состав (осум играчи си заминаа, седум ќе дојдат) ќе треба да ги исполни поставените цели на првиот човек Михајло Михајловски.

Вујовиќ во стручниот штаб ќе има помош од Владо Недановски, остануваат уште две отворени места. Едното е тренер на голманите. Неофицијално дознаваме дека Црногорецот Саша Рогановиќ ќе работи со нив. Станува збор за стратег со кого Вујовиќ соработуваше во Копер и Железничар. Рогановиќ беше дел и од стручниот штаб на кадетската репрезентација на Црна Гора.

Што се однесува до „костурот“ на тимот и тој е речиси е познат, се очекува во следниот период да бидат потпишани најмалку двајца играчи.

ПретходноДаниела од Свети Николе доби милионер џек пот вреден преку 1.300.000 денари
СледноМакедонското знаме на новите патики на Енис Барди (ФОТО)