Горазд Михаилов – тренер на Силекс: Добивме квалитетен противник!

2105

Силекс како освојувач на националниот куп ќе ја претставува Македонија во квалификациите на новата Конференциска лига. Денеска во Нион ждрепката сакаше во првото коло за ривал кратовци да го добијат тимот на Петрокуб од Молдавија.

Па, ако се знае дека можевме да го добиеме МОЛ Фехервар, тогаш јасно е дека треба да бидеме задоволни. Сепак сметам дека станува збор за квалитетен тим, кој лани завршил на втората позиција на табелата. Од друга страна мислам дека ние сме во мал предност зошто Силекс има нов тим, ростерот на играчи е променет и тоа ќе им задава проблеми на молдавците. Ние како клуб, како тим, добро ќе се подготвиме, ќе се засилиме со уште 3-4 нови играчи и ќе се обидеме достојно да го претставиме македонскиот фудбал во Европа. Има време за анализи, во секој случај нема да биде лесно, напротив“ посочи за СПОРТМЕДИА стратегот на кратовци.

ПретходноРаботнички се засили и со Тантуровски, утре старт на подготовките!
СледноДаниела од Свети Николе доби милионер џек пот вреден преку 1.300.000 денари