„Елмас е како Росицки“

1192

Еден новинар од Мексико кој го следел натпреварот меѓу Македонија и Австрија на ЕУРО 2020, посветил внимание во својот медиум на Елиф Елмас. Тој бил импресиониран од фудбалерот на Наполи, па напишал дека многу го потсетувал на Росицки.

„Таа техника, па тој потсетува на Росицки. Погледнете ја само таа техника со топка.“, напишал новинарот Пепе Дел Боске.

Симптоматично е тоа што Росицки играше во Борусија Дортмунд, тим кој наводно испратил скаути во Букурешт токму за Елмас.

Росицки покрај во Дортмунд, беше и во Арсенал и Спарта Прага.

ПретходноБеласица со Стојанов на клупата ќе прави експресен „кам-бек“ во Првата лига
СледноАнглија остана без еден од голманите сред ЕУРО