ЕУРО 2021: Франција-Германија е шлагерот на вечерта

297

Со вечерашните два натпревари од групата Ф се заокружува првото коло на Европското првенство. Од 18 часот играат Унгарија и Португалија, додека во 21 часот е „спектаклот“, светскиот првак Франција против подновената Германија.

На ЕП 2016 година Франција ја исфрли Германија во полуфиналето со победата од 2:0 и двата гола на Гризман, а потоа овие две репрезентации се сретнаа уште два пати во Лигата на нациите со победа на Франција од 2:1 на „Сен Дени“ и реми без голови во Минхен.

Инаку Франција беше на патот на Германија во оној триумф на СП 2014. Во четвртфиналето „Панцерите“ победија со 1:0 со гол на Хумелс.

Германците на ова ЕП го имаат Карим Бензема кој имаше успешна сезона во Реал Мадрид. Долго време не беше повикуван поради скандалот со соиграч од националниот тим, а еве доби повик токму за ЕП.

„Луд меч за старт на шампионатот. Ова е многу важен натпревар за нас, но исто така и за Германците затоа што атакуваме до самата завршница. Нашата цел е постојано да притискаме и да создаваме шанси пред противничкиот шеснаесетник и притоа да бидеме ефикасни. Не може поинаку со Германците“, изјави францускиот селектор Дидие Дешамп.

Кај Германците ќе ги нема Леон Горецка и Тимо Вернер кој не е прв избор за нападот затоа што во последно време не му оди со головите. Но се вратија Хумелс и Крос кои долго беа игнорирани од Лев, но селекторот разбра дека му е потребно искуство и стабилност и затоа ги врати ветераните назад.

МОЖНИ СОСТАВИ

ФРАНЦИЈА: Лорис – Павар, Варан, Кимпембе, Хернандез – Погба, Канте, Рабио – Гризман, Бензема, Мбапе

ГЕРМАНИЈА: Ноер – Гинтер, Хумелс, Ридигер – Кимих, Гундоган, Крос, Госенс – Хаверц, Милер, Гнабри

ПретходноШик: Видов дека голманот сака да излегува
СледноШкендија против словенечка Мура во 1. квалификациско коло во ЛШ!