Жешко во соблекувалната на Украина: Марлос и Јармоленко се спречкале по поразот од Холандија?

411

Дел од украинските медиуми денеска пишуваат дека во соблекувалната на украинската репрезентација по поразот од Холандија во конфликт влегле Јармоленко и Марлос. Откако се појави информацијата, веднаш со демат се појави дефанзивецот Илја Забарњи, кој вели дека немало никаков конфликт меѓу неговите соиграчи од националниот тим.

„Конфликт меѓу Јармоленко и Марлос? Немаше конфликт, сè беше во ред во соблекувалната. Не знам кој го измисли ова“, изјавил Забарњи.

Сепак, украинските медиуми велат дека не било се така „розово“ во соблекувалната на Украина по поразот во Амстердам, а Јармоленко и Марлос имале најмалку разговор на висок тон, кој морале да го смируваат останатите репрезентативци.

ПретходноСо Украина ни суди арбитар од Аргентина!
СледноЗа малку трагедија: Навивач падна од трибините и доби тешки повреди