За кого ли ќе навива Гачевски: Мура е матичниот клуб на “миленикот“ на фановите на Шкендија!

3646

Во првото квалификациско коло во ЛШ, нашиот шампион го доби за ривал првакот на Словенија, тимот на Мура. Факт е дека Шкендија ја очекува нималку лесна задача, напротив.

Двата меча се играат на 6/7 и 13/14 јули.

Основните податоци за клубот на интернет веднаш може да се пронајдат, но ако малку се замислиме, ќе ни текне дека токму Мура е матичниот клуб на Филип Гачевски. Клуб од Мурска Собота, инаку неговиот роден град. Некогашниот голман на Вардар, инаку “омилениот“ лик на фановите на Шкендија од некои дамнешни и убави времиња кога Македонија се „тресеше“ кога играа гигантите во “црвено – црно“ од Скопје и Тетово.

Познато е со каков анимозитет тетовската публика, посебно “балистите“, го пречекуваа Гача под Шара, како ја споменуваа неговата поубава половина во текот на целиот меч. А тој акко за инает обично против Шкендија бранеше најдобро, и често ги доведуваше во очај напаѓачите на тетовци.

Се прашуваме за кого ли ќе навива Гачевски на овие два меча во првото коло во квалификациите за Лигата на Шампионите. За првакот на својата земја, за Шкендија, или пак за неговиот матичен клуб, за Мура.

Кога сме кај Гачевски, да споменеме дека после Мура, тој потоа бранеше и за Капфенберг, Лустенау, Брегалница, Вардар, а сега е член на Енозис Паралими.

ПретходноНЛБ Банка нов спонзор на одбојкарите пред ЕП
СледноНикола Митревски во Топ 20 трансфери