Додека фудбалска Европа трепери за здравјето на данскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Ериксен, малку недостасуваше да се случи вистинска трагедија во Лондон.
За време на натпреварот меѓу Англија и Хрватска, еден навивач на домашниот тим паднал над оградата на Вембли. Островските медиуми пренесуваат дека станува збор за човек по име Џон и дека тој е навивач на Астон Вила.
Медиумите наведуваат дека несреќниот навивач се здобил со скршеница на двата глужда, бутната коска и карлицата. Сепак, тој е во стабилна состојба и не е во животна опасност.