За малку трагедија на ЕП – Падобранец ќе се „забиеше“ на трибините (видео)

499

Активист на Грин пис со падобран слета на стадионот „Алијанц арена“ во Минхен пред почетокот на дербито меѓу Франција и Германија. Падобранецот имаше неконтролиран лет кој можеше да заврши трагично. Прво почна да губи контрола, а потоа некако го стабилизира летото, но потоа мораше да избегне да не се „забие“ на трибините. Тој со голема брзина пролета сантиметри покрај трибините и новинарската ложа и за среќа не повреди навивачи. Но истовремено оштетил кабли на покривот на стадионот.

Активистот протестира против „Фолксвафен“ кој е спонзор на ЕП 2020 со паролата „Откажете се од нафтата“.

ПретходноАтлетико и Удинезе се договориле – Де Паул оди на „Метрополитано“!
СледноХерта се пофали со германски репрезентативец од Шалке 04