Нема ден во европските и светските медиуми да не се објави некоја приказна за капитенот на нашиот национален тим, Горан Пандев. Една од тие е онаа на Жељко Калач, некогаш голман во Премиерлигата, а беше и член на Милан и Перуџа.
Тој раскажува приказна како Фудбалската федерација на Австралија направила голем кикс со тоа што не дала дозвола македонската фудбалска икона да потпише за Вестерн Сиднеј.
Калач бил тренер на голманот на тој тим, и имало шанси да се ангажира Македонецот. И кога почнала операцијата “Пандев во Вестерн Сиднеј“, дошло до студен туш од страна на Федерацијата.
“Од нивна страна беше кажано дека Пандев не бил големо име и затоа не може да добие дозвола да потпише за нашиот клуб. Во неколку наврати сум играл против него. Тој е толку добар фудбалер, толку интелегентен, и на негова возраст дава голови во Серија А и во неговата репрезентација“ изјави Калач.