Кога Пандев дебитирал за Македонија, Џуд Белингем не бил роден

435

Во сплетот на информации кои пристигнуваат од и во врска со Европкиот шампионат дел се поврзани и со репрезентацијата на Македонија.

Нормално главен збор, нашиот капитен Горан Пандев кој со погодокот против Австрија стана вториот највозрасен стрелец во историјата на ЕУРО турнирните по Ивица Вастиќ.

Англичаните пак од друга страна, прецизни во статистиката и информациите, извадија податок дека кога своевремено кога Горан Пандев дебитираше за Македонската репрезентација, далечната 2001 година против Турција на гостински терен, Џуд Белингем новата звезда на Англија кој во моментов игра за Борусија Дортмунд не бил роден.

Фрапантни податоци пред се за нашиот капитен кој издржа дваесет години на највисоко фудбалско ниво, и дочека во 2021 година да биде стрелец на историскиот гол за Македонија, прв на Европскиот шампионат. 9

ПретходноФОТО: Швеѓаните не излегоа од своја половина, а на крајот извадија реми
СледноЕриксен: Добро сум со оглед на тоа што ми се случи