Мура лани го елиминираше фаталниот Номе Каљу!

326

Веќе е познато дека Шкендија во 1.коло во квалификациите во Лигата на Шампионите ќе ги одмери силите со Мура, шампионот на Словенија. Првиот меч нашиот првак го играат на свој терен, додека реваншот во Словенија. Датумите се 6/7 јули и 13/14 јули.

Мура е изненадувањето во фудбалска Словенија. До пред некоја година играше во пониските лиги во својата земја, но минатата сезона заврши пред Марибор и Олимпија.

Нема некое поголемо искуство во евро настапите, но затоа лани во време на ковид натпреварите во квалификациите во Лигата на Европа, со 4:0 успеа да го победи Номе Калју. Тимот од Естонија кој пред две години беше фатален за нашата Шкендија. Во втората рунда Мура го емина и данскиот Архус, за да во третата доживее пораз дома од ПСВ Ајндховен со 1:5 и со тоа да заврши европската приказна.

Инаку ова на тетовци им е четврти настап во квалификациите во Лигата на Шампионите, и само во 2018/2019 успеа да мине две мола, во два наврати беше елиминирана уште на стартот.

Се чини незгодна ждрепка за тетовци, можеа да минат и полесно.

ПретходноШкендија против словенечка Мура во 1. квалификациско коло во ЛШ!
СледноБутел се раздели со пет ракометари