Никола Митревски во Топ 20 трансфери

1058

Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски зад себе има одлична сезона. Тој ги оправда сите очекувања на Порто, донесе многу важни победи и во домашниот шампионат и во Лигата на шампионите.

Одличните партии во дресот на Порто го сместија во Топ 20 трансфери, листа која „handball-planet“ традиционално ја прави по завршување на секоја сезона.

Во изборот на овој ракометен портал се најде и Никола Митревски, Порто дефинитивно правилно ги потроши своите пари. Во португалскиот клуб дојде од Е.Пелистер.

На првите две места се најдоа Феликс Клар и Лукас Сандел од Алборг, двајцата беа на завршницата на Ф4 во Келн, и двајцата се најдоа во идеалниот тим.

Целата листа можете да ја видите на следниот ЛИНК. 

ПретходноЗа кого ли ќе навива Гачевски: Мура е матичниот клуб на “миленикот“ на фановите на Шкендија!
СледноКаков кикс: Австралиски клуб сакал да го доведе Пандев, но федерацијата не дала “виза“ зошто не бил големо име!