НЛБ Банка нов спонзор на одбојкарите пред ЕП

648

Одбојкарската федерација на Македонија пред Европското првенство доби генерален спонзор. НЛБ Банка АД Скопје и ОФМ потпишаа соработка на една година. Ова е од големо значење за нашите одбојкари на патот кон испишувањето на успешни приказни.

НЛБ е континуирано посветена на поддршка и развој на спортот, како и афирмација на нашата земја преку спортски успеси, а со годишниот договор за соработка и спонзорство, Банката ќе го краси спортскиот дрес на одбојкарите за време на Европското првенство кое ќе се одржи од 1.09.2021 до 19.09.2021 година, но и на сите останати натпревари на кои ќе учествува сениорската машка репрезентација на Македонија во период од една година.

ПретходноМакедонското знаме на новите патики на Енис Барди (ФОТО)
СледноЗа кого ли ќе навива Гачевски: Мура е матичниот клуб на “миленикот“ на фановите на Шкендија!