Работнички се засили и со Тантуровски, утре старт на подготовките!

604

Работнички продолжува со ангажман на нови имиња. Па така по Бојан Илиески и Анес Османовски, вториот наш најтрофеен клуб денеска го претстави и Дејан Тантуровски, досегашен фудбалер на Силекс. Претходно офанзивниот играч за врска играше и за Металург, Орашје и Македдонија ЃП.

Има 28 години и од него се очекуваат добри игри во дресот на Работнички следната сезона.

Со Тантуровски добиваме квалитетно засилување. Прволигашки играч со драгоцено искуство. Со него сериозно ќе го подигнеме квалитетот на нашиот тим“ изјаво Горан Станковски, спортскиот директор на Работнички.

Инаку утре во 18 часот, стратегот Александар Влахо и официјално ќе прозива и ќе означи старт на подготовките за наредната сезона.

ПретходноАнглија остана без еден од голманите сред ЕУРО
СледноГоразд Михаилов – тренер на Силекс: Добивме квалитетен противник!