Нестварни сцени попладнево на “Пушкаш Арената“ во Будимпешта. Фасцинантна глетка, нешто што досега во изминатите 15 месеци во време на корона кризата во светот можевме само да го сонуваме. Преполни трибини, 70.000 гледачи и победа на Португалија и тоа со 3:0. И сите три гола постигнати во финишот на средбата. Прво Гереиро стрелаше во 84.минута за 1:0, потоа Роналдо од пенал за 2:0 две минути подоцна. За да стави точка на мечот во 92 минута за 3:0 откако претходеше магична акција на Португалците.
Тоа беше неговиот 106 гол во дресот на Португалија, со овој гол тој е новиот рекордер по постигнати голови на ЕП, дури 11.Супер – ѕвездата е и првиот играч кој на сите пет ЕП на кој настапил постигнал барем по еден гол.