Сепси и официјално се пофали со Ашковски!

349

Она што го најавивме уште пред една недела, денеска стана официјално. Стефан Ашковски, повремениот македонски репрезентативец е нов член на Сепси, клуб од врвот на Првата лига на Романија.

Пред неколку часа раководството на Сепси и официјално го промовираше левиот офанзвен бек, кој во изминатите две сезои одигра одлично во дресот на Ботошани.

Ашковски има 29 години, а во својата кариера, инаку потекнува од школата на Вардар, има играно покрај други екипи и за Партизан, Напредак, Шкендија, Нови Пазар, Горњик Лечна, Фортуна Ситард, Славија Софија…

ПретходноАрнаутовиќ го чека суспензија од најмалку десет меча!
СледноТимчук: Го чекаме мечот со Македонија во позитивно расположение!