Македонската фудбалска репрезентација во моментов го одработува денешниот закажан тренинг. Момците на селекторот Игор Ангеловски на стадионот на Стеауа во полн состав, одморени и со мирни глави што се вели по стартниот пораз од Австрија денеска работат на нова мисија наречена Украина.
Мечот се игра в четврток во 15:00, а ние имаме и тоа како што уште да кажеме на ова ЕУРО. Имаме уште шест бода како опција не планираме да се откажеме од ниту еден во моментов, напротив. Ги анализиравме грешките од мечот со Австрија знаеме на што да се поправиме, знаеме што не чека против Украина. Силен цврст противник, кој едвај чека да не победи, но ние покажавме дека сме најсилни кога е најпотребно. Така беше во минатото, против Косово, Грузија, Германија, така ќе биде и овојпат.
Тука се и навивачите, ги има во се поголем број, пристигнуваат денеска со автомобили и авиони и едвај чекаат да дојде тој четврток. Тоа им е потребно на нашите репрезентативци сега. Безрезервна поддшршка, мотивација која никогаш и не била спорна и оставање срце на терен.