Теодосиќ повторно ќе игра во Евролигата?

218

15По одличната сезона во Италија во дресот на Виртус Болоња, српскиот кошаркарски репрезентативец Милош Теодосиќ, може да се пресели во руска ЦСКА. Специјализираниот портал „Јурохупс“ известува дека Теодосиќ би можел следната сезона повторно да заигра во Евролигата. ЦСКА е заинтересирана за него, откакоклубот остана без Мајк Џејмс.

Теодосиќ го носеше дресот на московската „армија“ шест години, од 2011 до 2017 година. Како играч на ЦСКА, тој ја освои и единствената титула во Евролигата.

ПретходноСтартува мисијата Украина
СледноМакедонија допрва ќе покаже колку може (ФОТОГАЛЕРИЈА)