Се чини дека УЕФА нема намера да му прости на Марко Арнаутовиќ и неговиот шовинистички испад по мечот со Македонија кон Езџјан Алиоски. На барање на ФФМ, кое беше проследено вчера, УЕФА и официјално покрена истрага против репрезентативецот на Австрија.
Веројатно Арнаутовиќ го чека казна, а можеби и отстранување од ЕУРО 2020. Се знае дека УЕФА е крајно ригорозна на ваквите и сличмни испади од страна на фудбалерите.
Впрочем Австриецот со корени од Балканот и го заслужи тоа.