Херта се пофали со германски репрезентативец од Шалке 04

272

Германскиот бундеслигаш Херта го реализира првиот трансфер ова лето, а во Берлин доаѓа Суат Сердар кој досега настапуваше за Шалке 04. Клубот од Гелзенкирхен испадна од најсилната лига, па е принудена да продава играчи, а Сердар и се приклучи на Херта со тоа што потпиша петгодишен договор.

Инаку, Сердар е германски репрезентативец, дебитираше во 2019 година и има четири настапи. Сепак, не е во составот за ЕП 2020.

Пред да дојде во Шалке, 24-годишниот играч од средниот ред настапуваше две сезони за Б тимот на Мајнц, па уште три за првиот тим.

ПретходноЗа малку трагедија на ЕП – Падобранец ќе се „забиеше“ на трибините (видео)
СледноХумелс ги „попари“ Германците, светскиот првак слави во Минхен (видео)