Фото: Официјален профил на УЕФА ЕУРО 2020 на Твитер
Трет автогол во досегашните натпревари на ЕП, а е одиграно само првото коло. Вечерва во Минхен се одигра дербито помеѓу Франција и Германија, а победи светскиот шампион со 1:0. Погодокот всушност беше автогол на германскиот дефанзивец Матс Хумелс во 20-тата минута. Хумелс, кој е повратник во националниот тим, стана првиот германски репрезентативец кој си постигнал автогол на европските шампионати.
Германците имаа многу проблеми да ја „раштимаат“ француската одбрана која делуваше сигурно, а и нападите на „триколорите“ беа поопасни за разлика од оние на „панцерите“. Рабио ја погоди стативата, во финишот на мечот Карим Бензема погоди, но тој гол беше поништен по реакција на ВАР поради офсајд.
Како и да е, бодовите заминаа на контото на Франција. Идното коло Франција ќе игра со Унгарија (19 јуни), а Германија со Португалија (исто така на 19 јуни).