Чурлинов: Подготвен сум да помогнам на Македонија, се надевам дека ќе добијам шанса

258

Младиот Дарко Чурлинов, најмладиот дебитант во репрезентацијата, денеска на обраќањето кон новинарите изрази надеж дека ќе игра на следниот меч и дека е подготвен да помогне.

„Атмосферата е одлична, нормално е да има еуфорија. Концетрирани сме, секогаш сме на ниво, се надеваме дека така ќе остане. Подготвен сум да настапам, и да бидам добра помош на екипата, но дали ќе играм, тоа е одлука на селекторот“, изјави Чурлинов. 

Тој кажа дека на секој меч мора да се влезе максимално концентрирано, и дека во последните 20 минути од дуелот со Австрија мора да се извлечат поуки.

„На Европско првенство секој натпревар е тежок. Не може да се каже предвреме како би било најдобро да играме, сето тоа се случува во тек на натпревар. Треба да влеземе 100% концентрирани и да дадеме се од себе, да бидеме Македонија како што бевме во минатитие натпревари. Австрија игравме одлично 70 минути, последните 20 минути не ги одигравме добро. Треба да веруваме во себе и да дадеме максимум на следниот натпревар. Да го добиеме мечот е важно, не е важно кој ќе даде гол. Ако можам јас да бидам тој, ако добијам шанса за да реализирам, нормално ќе дадам гол и ќе бидам многу среќен“, вели Чурлинов. 

ПретходноУЕФА ја патосираше Грција за МКД!
СледноКЛ – ждрепка: Шкупи со косовскиот Љапи, Силекс налета на молдавци, а Струга ТЛ со Лиепаја