И официјално Сабит Билали во наредните три години ќе го носи дресот на Шкендија. Договорот е постигнат уште пред две недели, кога и СПОРТМЕДИА информираше, но дури денеска Шкендија се одлучи да го промовира своето ново име.
Билали доаѓа од Шкупи, има 23 години и ќе биде освежување во средниот ред на шампионот.
“Посебно е чувството да се биде тука, во Шкендија. Овој клуб е големо име во нашиот фудбал, клуб кој има успеси и во Европа. Чест ми е што сум дел од шампионскиот тим и ветувам дека ќе дадам се од себе тимот да ги постигне своите цели“ истакна Билали на промоцијата во дресот на Шкендија.