Јувентус плати 10 милиони евра за да го задржи Мората до 2022 година

175

Јувентус објави дека го задржува напаѓачот Алваро Мората до јуни 2022 година. Шпанецот минатата сезона играше како позајмен од Атлетико, а Јуве реши да го задржи и за идната сезона. Според информациите од Италија, Јувентус му платил на Атлетико 10 милиони евра за да го продолжи договорот на шпанскиот репрезентативец до наредното лето.

Претходно Јувентус плати 10 милиони евра за едногодишна позајмица на Морта, што значи дека ќе плати 20 милиони евра за двегодишна позајмица. А Јувентус идното лето има опција да го откупи договорот на Мората за 30 милиони евра.

Мората постигна 20 гола во 44 натпревари за Јуве досега од кои 11 беа во Серија А.

ПретходноДимитријевиќ: ФИБА турнирите се одлична шанса за проверка на младите сили
СледноАтлетико и Удинезе се договориле – Де Паул оди на „Метрополитано“!