Алиоски за Арнаутовиќ: Не знам што ми кажа, најважно е што на крајот си подадовме рака

811

Езџјан Алиоски, фудбалерот на Македонија денеска кажа каков бил вербалниот дуел со Арнаутовиќ.

Тој рече дека не знае што му кажал австрискиот репрезентативец во таа гужва, но на крајот ги надминале несогласувањата, и вели дека на секој меч има вербални дуели.

„Во врска со Арнаутовиќ, нe знам што ми кажа, тешко беше да се разбере во целата таа гужва. УЕФА ги има снимките, нека ги погледнат нека ги анализираат. Во секој натпревар има вакви работи. Но најважно е што на крајот си подадовме рака и ги решивме несогласувањата. Второ има видео од УЕФА и дисциплинските органи треба да одлучат. Вербални дуели има на секој меч“, рече Алиоски. 

ПретходноБутел се раздели со пет ракометари
СледноАлиоски: Нема откажување, ќе се бориме до крај, секој меч за нас е како финале