Арнаутовиќ го чека суспензија од најмалку десет меча!

447

УЕФА нема да му прости на Марко Арнаутовиќ за неговиот испад по постигнувањето на третиот гол за својата репрезентација на дуелот против Македонија доколку се потврди дека имало расистички напад.

Тој вчера се извини преку медиумите и преку социјалните мрежи дури и на македонски и на албански јазик за инцидентот со Езџјан Алиоски.

На барање на ФФМ, УЕФА и официјално покрена истрага против репрезентативецот на Австрија. Доколку се утврди дека тој е виновен, во тој случај ќе добие суспензија од најмалку десет меча, поточно за него ЕУРО 2020 ќе заврши.

ПретходноЈагош Брауновиќ и Филип Николов уште една сезона во дресот на Охрид
СледноСепси и официјално се пофали со Ашковски!