ФОТО: Twitter
Шпанскиот шампион Атлетико Мадрид се договорил со Удинезе за трансфер на Родриго Де Паул на „Ванда Метрополитано“, пренесува „Спортиталија“, а истото го потврдуваат и други италијански медиуми. Наводно „јорганџиите“ постигнале договор со клубот од Удине за сума од 35 милиони евра плус бонуси.
Аргентинскиот репрезентативец моментално е на Копа Америка, а неколку пати во финишот на сезоната споменуваше трансфер. За него имаше голем интерес: Јувентус, Интер, Милан, Наполи, Лацио, Рома и Лидс Јунајтед. Но Атлетико е победник, а Диего Симеоне одиграл важна улога во трансферот.
Де Паул ќе потпише петгодишен договор вреден 3,5 милиони евра по сезона.