Веселин Вујовиќ по третпат во својата кариера ќе седне на клупата на Вардар. Тој доаѓа на местото на Стевче Алушовски. Со доста изменет состав (осум играчи си заминаа, седум ќе дојдат) ќе треба да ги исполни поставените цели на првиот човек Михајло Михајловски.
Вујовиќ во стручниот штаб ќе има помош од Владо Недановски, остануваат уште две отворени места. Едното е тренер на голманите. Неофицијално дознаваме дека Црногорецот Саша Рогановиќ ќе работи со нив. Станува збор за стратег со кого Вујовиќ соработуваше во Копер и Железничар. Рогановиќ беше дел и од стручниот штаб на кадетската репрезентација на Црна Гора.
Што се однесува до „костурот“ на тимот и тој е речиси е познат, се очекува во следниот период да бидат потпишани најмалку двајца играчи.