Екипата на Ренова наголемо се засилува во летниот преоден рок. Па така денеска раководството на “гипсарите“ успеа да го договори Виктор Серафимовски, досегашен фудбалер на Силекс, и со него е потпишан договор на една година.
Серафимовски осетно ќе го засили дефанзивниот среден ред на тимот на Ќатип Османи, а по потреба може да игра и како десен бек.
Инаку Серафимовски е “дете“ на Вардар. Има играно и за Љубанци, Еуромилк, Беласица, Македонија ЃП и како што веќе рековме Силекс.
Досега Ренова успеа да ги доведе, покрај Серафимовски, и Антонио Илиески, Игор Алексовски и Александер Борха.