Тимчук: Го чекаме мечот со Македонија во позитивно расположение!

313

Олександар Тимчук, дефанзивецот на репрезентацијата на Украина, инаклу фудбалер на Динамо Киев, на дененешната прес-конференција по повод натпреварот со Македонија, во рамките на 2.коло од групата Ц на ЕУРО 2020, покрај другото го кажа и ова…

Искрено се уште во детали не сме ја анализирале играта на Македонија. Секако дека стручниот штаб ќе обезбеди вистински информации за нашиот следен противник. Што се однесува до повредата, сега се е во ред, почнав да тренирам со остатокот од екипата. Сепак селекторот ќе одлучи дали ќе играм против Македонија. Атмосферата во нашиот табор е добра. Се подготвуваме за овој натпревар кој е многу важен за нас во позитивна атмосфера“ изјави Тимчук.

ПретходноСепси и официјално се пофали со Ашковски!
СледноРенова го договори Виктор Серафимовски!