УЕФА ја патосираше Грција за МКД!

1776

УЕФА ја одби жалбата на грчкиот министер за спорт Лефтерис Авгенакис, кој пред стартот на на ЕУРО испрати протестно писмо до првиот човек на УЕФА Александер Чеферин. Тој се бунеше за логото на ФФМ кое се наоѓа на дресовите и кратенката МКД.

Од УЕФА велат дека акронимот е дел од Преспанскиот договор. Исто така се посочува дека го следи примерот на другите спортски институции и дека го користи кодот МКД од Меѓународната организација (ИСО) и дека е во согласнот со член 1, параграф 3 од Преспанскиот договор.

УЕФА образложи и дека во службената комуникација го користи терминот “Фудбалска Федерација на Северна Македонија“ и дека оваа терминологија е соодветна адаптирана на ЕУРО 2020.

На крај се вели дека Европската куќа на фудбалот нема да дозволи фудбалот да стане платформа на која ќе се пренесуваат поилитички пораки.

ПретходноУЕФА и официјално покрена истрага против Арнаутовиќ!
СледноЧурлинов: Подготвен сум да помогнам на Македонија, се надевам дека ќе добијам шанса