Досегашниот капитен на тимот на Силекс, Ангелче Тимовски и официјално е нов играч на тимот на Шкендија.
Бекот веќе извесно време е дел од подготовките на Шкендија, која секако е наш актуелен шампион, и претставник во квалификациите за Лигата на Шампионите, а клубот ете одлучи денеска и да го промовира како нов играч.
Тимовски е екс Македонски младински репрезентативец, поголемиот дел од својата кариера ја мина во Силекс, а настапуваше и за Победа Прилеп.