Тежок ривал доби денеска во Нион, на ждрепката за 2.квалификациско коло во ЛШ, нашиот првак, екипата на Шкендија.
Имено ако тетовци ја минат Мура во1.квалификациско коло, тогаш во следната фаза ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Лудогорец и Шахтјор Солигорск, тимот на Дембо Дарбо и Валон Ахмеди.
Се разбира, ако сака Шкендија да ги одмери силите против бугарскиот или белорускиот првак, тогаш ќе мора прво да ја мине Мура на стартот од квалификациите во ЛШ.
Мечевите од 2.квалификациско коло се закажани за 20/21 јули и 27/28 јули, Шкендија на првиот меч ќе биде домаќин.