Моменти од последниот тренинг: Добро е, Пандев е насмеан (ФОTOГАЛЕРИЈА)

911

Насмевки, вообичаено дождливо време и се разбира, максимална концентрација на последниот тренинг на нашата репрезентација попладнево во Букурешт во пресрет на утрешниот дуел со Украина.

Добро е, капитенот е насмеан. Горан Пандев е расположен за уште блескав настап во дресот на Македонија. Утре против Украина нашите херои ќе го играат своето финале. Не се сомневаме дека ќе го дадат и последниот атом од своите сили за да не израдуваат.

Нема веќе дебитантска трема, тоа што беше со Австрија сега да го заборавиме.

Пред нас е четата на Шевченко. Низ историјата сме ја победувале таа Украина, нека биде така и утре.

Мечот започнува во 15 часот а се игра на Националната Арена во главниот град на Романија.

Момци одиме силно, одиме ЈАКО!

ПретходноМуслиу и Барди во центарот на „удирањето“ (ВИДЕО)
СледноУЕФА го истражува потегот на Франција за случајот Павар