По поразот од Австрија на отварањето на ЕУРО 2020, Стефан Ристовски испрати порака дека тимот тимот е подготвен и физички и психички. Нашите момци нема да дозволат да падне атмосферата, ниту пак да бараат алиби за салб настап.
„Професионалци сме и не смееме да дозволиме пад на атмосфера. Ова е големо натпреварување, ние не смееме да дозволиме ништо да не деконцентрира. Следуваат уште два меча, ќе го дадеме максимумот. Ние овде не дојдовме како туристи, имаме огромне квалитет. Со три блока, со бранење на нашиот гол, и брзи контри да го изненадиме противникот. Кога играте со вакви селекции мора да си подготвен за се. Со Австрија се подготвувавме за едно, а тие излегоа со пет дефанзивци. Секој сака да изненади“, изјави Стефан Ристовски