Офанзивното крило на фудбалската репрезентација на Украина, Виктор Циганков, кој не настапи на мечот со Холандија поради повреда, се вратил на тренинзите на украинскиот тим. Стручниот штаб предводен од Андриј Шевченко ќе може да смета на крилото за дуелот утре против нашата репрезентација.
Таква е е ситуацијата со Александар Зубков. Играчот за врска на Ференцварош се повреди во неделата и го напушти теренот по 10 минути од средбата со Холандија. Како што стана познато, неговата повреда е доста сериозна и за него Еуро 2020 е завршено, затоа што му требаат најмалку три недели за санирање на повредата.
фото: Uaf.ua