Репрезентацијата на Италија се пласира во осминафиналето на Европското првенство откако вечерва на „Олимпико“ во Рим ја совлада Швајцарија и воедно ја запиша втората победа во групата. „Аѕурите“ славеа со 3:0 со головите на Мануел Локатели (26. и 52. минута) и еден на Чиро Имобиле (89. минута), а победата е заслужена затоа што беа далеку подобар противник со многу повеќе шанси и еден поништен гол на Киелини поради игра со рака.
За Локатели, играч на Сасуоло, ова беше 12-ти натпревар за Италија и веќе има три гола.
Италија во 1. коло ја совлада Турција со 3:0, па така има шест бода на чело на табелата во групата А. Во последното коло „Аѕурите“ ќе играат со Велс, а Швајцарија со Турција.
Italy play such beautiful Football, this midfield is brilliant. What a goal from Locatelli! 👏🏼 pic.twitter.com/Z4IGmVY6gg
— R. (@CFCRyan__) June 16, 2021
⚽️ Locatelli 🎯 Berardi ⭐
🇮🇹 1 – 0 🇨🇭#ForzaAzzurri pic.twitter.com/SPwfkwVxPN
— Max Statman 🇮🇹 (@emaxstatman) June 16, 2021
Ciro Immobile with a beauty to finish it
_____________________________#ITASWI | #EURO2020 pic.twitter.com/pSqDuVrLX4— B/R Goal (@br_goal) June 16, 2021