Ангеловски: Мечот со Украина за нас е финале

316

Македонскиот национален состав денеска го има официјалниот тренинг пред утрешниот меч против репрезентацијата на Украина во рамките од второто коло од групната фаза од Европскиот шампионат.

Селекторот Ангеловски истакна дека тимот е подготвен за она што следува за најважниот меч кој веројатно оваа генерација ќе го игра.

„Најважната лекција е дека повторно веруваме дека имаме квалитет, затоа што до 80. минута имавме активен резултат против Австрија. Не се браневме, не игравме бункер дури имавме и ситуации да поведеме. Сепак, тоа не успеавме да го направиме, примивме гол по пад на концентрација. Сепак, следува меч со Украина, мислам дека имаме ситуација во која можеме да се поправиме на резулттски план“, изјави Ангеловски.

Нашиот кормилар рече дека оваа генерација остварила пласман на ЕУРО и дека нејзина цел и желба е втората фаза.

„Дојдовме на ЕУРО со цел да се пласираме во втората фаза и таа фаза за нас е активна. Имаме пред нас ривал кој исто така има нула бодови, што значи дека ова за нас е финале. И да не успееме нема да биде трагедија, а нормално дека ќе дадеме се од себе. Украинците се квалитетни, тоа го покажаа и против Холандија. Имаат одлични индивидуалци, но и ние имаме квалитет и покажавме дека можеме да се носиме со сите“.

ПретходноУште еден екс-кошаркар на Работнички во стручниот штаб
СледноМајсторија на Миранчук, Русија ја победи Финска (ВИДЕО)