Ангелче Тимовски промовиран во Шкендија

903

Досегашниот капитен на тимот на Силекс, Ангелче Тимовски и официјално е нов играч на тимот на Шкендија.

Бекот веќе извесно време е дел од подготовките на Шкендија, која секако е наш актуелен шампион, и претставник во квалификациите за Лигата на Шампионите, а клубот ете одлучи денеска и да го промовира како нов играч.

Тимовски е екс Македонски младински репрезентативец, поголемиот дел од својата кариера ја мина во Силекс, а настапуваше и за Победа Прилеп.

 

ПретходноШева: Немаме проблеми, дојдете и видете
СледноИзбрана најдобрата петорка во НБА