Според пишувањата на шпанските медиуми, Атлетико Мадрид и Манчестер Сити би можеле да си ги разменат фудбалерите.
Согласно најавите, Жоао Феликс би требало од Мадрид да замине во Манчестер, додека во обратна насока да се пресели Бернардо Силва.
Пеп Гвардиола е голем миленик на Феликс, а и Атлетико не би имал ништо против да го даде со оглед дека не се снајде најдобро во тимот на шпанскиот првак.