Дани Роуз го напушти Тотенхем и потпиша за Вотфорд

221

Левиот бек Дани Роуз го напушти Тотенхем и веднаш се договори со Вотфорд со кои потпиша двегодишен договор. Неговиот договор со „Спарс“ истече, а реши да оди во Вотфорд со кого ќе игра во Чемпионшип дивизијата.

Англискиот репрезентативец се враќа на „Викерејџ Роуд“ 12 години откако одигра седум меча како позајмен фудбалер. Инаку тој одигра 214 натпревари за Тотенхем, а притоа одигра 29 натпревари за „Гордиот Албион“.

Роуз е третиот нов играч на Вотфорд ова лето. Претходно дојдоа Имран Лоуза од Нант и екс-напаѓачот на Мидлзбро Ешли Флечер.

ПретходноДефинитивно е крај – Реал потврди разделба со Серхио Рамос
СледноОсвојувачот на Лига Европа донесе алжирски репрезентативец